Претседателот на Советот на општина Охрид ја закажа триесеттата седница на советот која ќе се одржи во понеделник, 28 февруари, со почеток во 11 часот.


 
Предлог одлуката за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година, предлог одлуката за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за уредување за градежно земјиште за 2010 година, извештајот за реализација на Програмата за изведба и реконструкција на локални патишта и улици за 2010 година- се само дел од вкупно 26- те точки предвидени на дневен ред на седницата.

OhridNews