Во понеделник, 30 јуни, на територијата на Општина Охрид ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Заради тоа се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

OhridNews