Годинешните „Прличеви беседи“ ќе се одржат на 5-ти февруари, понеделник, со почеток во 12.45 часот со Изложба на ликовни дела од македонски ликовни уметници што ќе се одржи во Изложбениот салон при Центарот за култура.

Во 13 часот ќе започне свеченоста посветена на лауреатот награда „Григор Прличев“. Програмата ќе почне со музичка изведба на учениците од ОМУ „Методи Патче”,  по што ќе следат обраќања на Директорот на НУ Центар за култура “Григор Прличев”, Стрезо Стаматоски и на претставник од Општина Охрид.

Од страна на претседателката на жири комисијата, ќе се претстави наградената поема за 2017 година „Клучевите”, а ќе има и артистичка изведба на поемата „Клучевите”.
По врачување на Повелбата за најдобра поема за 2017 година, предвидено е и обраќање на лауреатот доц. Д-р Гордана Стојаноска.

OhridNews