Споредено со пред 3 години, годинава во Македонија евидентирано е повеќекратно зголемување на интернет купувањето и тоа на гардероба, спортска облека, храна, книги и козметика, од што најмногу, 60-70 % на сајтовите за групно купување, пишува Дојче Веле. Со самото зголемување на интернет купувањето може да се заклучи дека е зголемена и довербата на македонските купувачи во интернет купување.
Привлечноста на онлајн купувањето за македонските потрошувачи е и поради тоа што некои од сајтовите нудат големи бенифиции и попусти ако се купува истиот производ онлајн.
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија предупредуваат купувачот да ги прочита општите условите за онлајн тргувањето, а посебно за доставување на пратката и тоа дали трговецот ја сноси одговорноста и по превземањето на пратката.