Прометот во трговијата на мало е во пораст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%).

OhridNews