Според податоците на Државниот завод за статистика, кај земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец во 2012, најголем пораст на цените е забележан кај зелените и црвени пиперки. Најголемо намалување на цените е забалежано кај лимоните и бананите.

На пазарите на големо, најголемо зголемување на цени на земјоделските производи во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, е забележано кај кромидот и лукот, додека најголемо намалување кај морковот и бананите.

OhridNews