И покрај тоа што законот беше донесен уште во 2007 година, при што беше даден рок од пет години старите да се заменат со нови, голем број охриѓани оваа законска обврска ја исполнуваат во текот на последните неколку денови пред истекување на рокот.
– Дневно до службата се поднесуваат и до 150 барања, што значи дека има голем број од граѓаните кои сеушште не ја исполниле законската обврска и не извадиле нови биометриски возачки дозволи. Поднесените барања се обработуваат тука во службата и по електронски пат се испраќаат до министерството за внатрешни работи. Целата процедура од поднесување на барањата до добивање на новите возачки дозволи трае од пет до седум дена, информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.
Димоски потенцира дека на граѓаните кои поднеле барања за замена во дадениот рок, додека не им бидат издадени новите ќе добијат соодветни потврди со кои ќе може да докажат дека процедурата за замена е во тек.
Кон оние граѓани кои нема да ја исполнат оваа законска обврска, по завршувањето на рокот, ќе бидат преземани соодветни санкции согласно законските прописи.