Во Владата на Република Македонија вчера редовна седница одржа Комитетот за странски и директни инвестиции. Биле разгледани активностите на полето на туризмот и притоа е констатирано дека во периодот од 2006 до 2013 бројот на странските туристи кои ја посетиле Македонија е зголемен за 98 отсто.
На седницата се разгледувале повеќе точки поврзани со планираните активности за промоција на инвестициските можности на земјата на повеќе странски пазари и пред заинтересирани инвеститори, се разгледувале и повеќе идеи за начините за ефикасно презентирање на потенцијалите за економски развој и инвестирање, како и напредокот на повеќе тековни проекти кои Владата ги реализира на полето на туризмот.
Комитетот констатирал дека поддршката на Владата од вкупно 155 милиони денари, кои оваа година се наменети за субвенции за организирано носење странски туристи, даваат резултати, што може да се забележи и во порастот на бројката на туристи во државата, со што се отвора можност за унапредување на ваквиот начин на поддршка. Од 2006 до 2013 година бројот на странските туристи е двојно зголемен, и тоа за 98 проценти.
OhridNews