Синоќа, околу 3 часот и 15 минути во Противпожарната единица во Струга бил пријавен пожар на улицата “Црн Дрим“ во Струга. По пријавата на терен излегле три противпожарни возила, кои го локализирале пожарот кој зафатил две дрвени куќи во кои живееле луѓе и две дрвени шупи кои биле како помошни простории за чување дрва.

Причините за избивањето на пожарт се непознати, предизвикана е само материјална штета.

OhridNews