Во пожар што избувнал во стан во зграда на булеварот „Туристичка“, рано утрово, починала жена на возраст од седумдесет и една година која живеела сама во станот.
Пожарот го пријавиле соседите, по што тој бил брзо изгаснат од страна на противпожарната служба, при што во станот било пронајдено безживотно тело на жената, која неофицијално била неподвижна. Причините за несреќата ги истражува Јавното обвинителство.
„По пријава од сосед за пожар на булевар „Туристичка“ во Охрид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба, притоа е констатирано дека има починато лице – жена на возраст од седумдесет и една година која живеела сама во станот. Во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење. Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника. Основното јавно обвинителство Охрид издаде и Наредба за вршење на обдукција над телото на починатата.“ – соопшти Јавното обвинителство.
OhridNews


.jpg)










