
Како што дознава OhridNews, старецот живеел сам во куќата која имала еден кат и потпокрив. За пожарот веднаш била алармирана противпожарната единица од Охрид, која брзо пристигнала на местото на настанот. Покривот од куќата веќе бил паднат, а при интервенцијата пожарникарите во куќата го пронашле безживотното тело на старецот.
На местото на настан во тек е увид, кој треба да ги утврди причините на несреќата.
Ова е втор пожар со смртни последици во охридско годинава. Неодамна во пожар во зграда на булеварот „Туристичка“ загина неподвижна жена.
OhridNews











