Во Полициската станица Струга, вчера, околу 11.30 часот било пријавено дека на улицата „Боро Шаин“, во куќата сопственост на 69-годишен стружанец избувнал пожар во една од собите во која се наоѓала 62-годишна жена која се здобила со тешки телесни повреди (изгореници). Истата била префрлена во Медицинскиот центар во Струга од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Комплекс Клиники “Мајка Тереза“.
При извлекување на жената од собата со телесни повреди се здобила и 31-годишна жена која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
OhridNews












