Од охридската Противпожарна единица од каде информираат дека пожарот бил подметнат од страна на несовесни граѓани, апелираат да не се палат стрништата, што е и најчеста причина за избивање на пожарите на отворен простор, чиј број во овој период од годината е се поголем.
Во вчерашното гаснење на пожарот беа вклучени три противпожарни возила и десетина пожарникари.
Од почетокот на годината до сега, од страна на екипите на Противпожарната единица извршени се над 80 интервенции.