Во пожарот што се случи вчера, околу 13 часот, во станбена зграда на улицата „Партизанска“ во Охрид, повредени се сопственикот, 54-годишен охриѓанец и уште едно лице, кои се здобиле со изгореници по телото по што се пренесени во охридската Општа болница.
Пожарот што изби во стан на шестиот кат од зградата, се прошири и во помошна просторија и во лифтот.
По неколку часовна интервенција на пожарникарите пожарот беше изгаснат.
OhridNews












