Во петок, 28-ми јуни, во предворјето на црквата Св. Софија, со почеток во 20.30 часот, ќе се изведе завршната претстава на 60 ученици од партнерските училишта на Гете-институт во Северна Македонија, Албанија и Косово.

Тие ќе ја изведат театарската претстава „ Авантурите на Момо во Охрид“ според книгата „ Момо“ од Михаел Енде, што претставува спој на три различни култури и вредности кои ги негуваат учениците и младите, информира Ивана Маховска Шикалеска, наставник по германски јазик во ОУ „ Григор Прличев“- партнер училиште на Гете- институт.












