Жителите на Охрид, но и на другите градови од синоќа нешто пред 23 часот не ја следат програмата на А1 телевизија.

Причина за прекинот на емитувањето на програмата на А1, како што информираат од телевизијата е дефект на електричната мрежа во скопската населба Маџари.

A1 телевизија од четвртокот емитува програма во живо од пред Владата во знак на протест против блокирањето на сметките на телевизијата и весниците Време, Шпиц и Коха е Ре, од страна на судот заради обезбедување средства во врска со кривични дела направени од фирмите за кои се води истрага во случајот „Пајажина“

OhridNews