Изградбата на булеварот „Македонски Просветители“, веќе цела недела е во прекин, што според партијата Левица се должи на проблеми кои изведувачот наводно ги има со работната сила.

Дали е точно дека пред една недела, работниците кои работеле на овој проект биле приведени од страна на СВР Охрид, поради тоа што биле странски државјани, во конкретниот случај од соседна Албанија, немале ниту легален престој, ниту работна виза и нелегално работеле за фирмата изведувач? – прашуваат од Левица.

Според Левица, доколку се точни ваквите наводи, дека фирмата изведувач на градежните работи на булевар „Македонски Просветители“ што првично требаше да завршат во јуни, ангажирала работници со нелегален престој во Република Македонија, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, треба веднаш да го раскине договорот со фирмата изведувач.

OhridNews