Од 14.15 часот поради сообраќајна незгода на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково, сообраќајот е во прекин, информираат од Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, велат.
Н.С.Ј.












