
Ловот на сом не е карактеристичен за Преспанското Езеро, кое е попознато по „Преспанскиот крап“, но се случува на неколку години.
Според зборовите на ихтиологот Живко Џуровски, сомот не е автохтон, но секако постои можност да се населил во„Преспа“ со некое порибување кое се вршело од поодамна во ова езеро.
„Големината покажува дека условите за живот му одговараат.“ – изјави Џуровски.
Поради фактот што ловот е забранет, сопствениците на трофејот остануваат анонимни, а сомот е веќе продаден.
OhridNews
извор: „МИА“












