Претседателот на ССМ, Живко Митревски истакна дека интересите годинава се насочени кон заштитата на човековото достоинство со донесување Закон за заштита од мобинг.
-Со цел конкретни и практични резултати, почнуваме со нова кампања, изминатиот период беа донесени клучни закони како што е Законот за минимална плата, а исклучително се разви и социјалниот дијалог. Бележиме и ратификација на повеќе меѓународни конвенции, од кои неколку клучни, почнувајќи од конвенциите за јавни набавки и за заштита на мајчинството, рече Митревски.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој се обрати на конференцијата им го честиташе Први мај на сите работници од име на МТСП и на Владата на Република Македонија.
-Конференцијата е најдобар начин да се продискутираат отворените прашања кои треба да ги реализираме во следниот период за подобрување на статусот и правото на работниците во земјата. Дојдов да поразговараме како што впрочем се случува веќе неколку години наназад и како резултат на тие наши разговори сметам дека синдикатите со поддршка на работодавачите и учество на Владата постигнаа резултати со кои значително е подобрен статусот на работниците, рече Ристовски.
Министерот нагласи дека работата е далеку од завршена и оти има уште многу да се работи во насока на подбрување на статусот на работниците.