Во пресрет на новогодишните празници, екипите на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги расчистија јавните површини во охридските викенд-населби кај „Даљан“, „Охридати“, месноста „Лагадин“ и селото Пештани.

Оттаму информираат дека  во овој месец, екипи на јавното претпријатие  работеле на монтирање на светлечките  новогодишни реквизити, односно ископување на каналот за санирање на електричниот дефект  за непречено функционирање на лизгалиштето на мраз. 

OhridNews