Во пресрет на претстојната туристичка сезона од Центарот за јавно здравје со повик до давателите на угостителски услуги во станови/куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга за спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на услугите согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014 и 150/2015).
Центар за јавно здравје Охрид за станоиздавачите подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција, а нашите мобилни екипи ќе бидат подготвени секој работен ден и сабота со потребната опрема и средства да одговорат на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите), за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања, велат во соопштението.
За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција), додаваат, станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид или на телефоните 046 231030 и 070 723-029.
OhridNews












