Утре, со  почеток во 11 часот во кругот на Ј.Н.У Хидробиолошки завод ќе се изврши уништување на риболовниот алат и предмети- одземени при вршење на надзор во водите на Охридско езеро, од страна на Државниот инспекторат за земјоделство.

На уништувањето на недозволениот риболовен алат и предмети ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов.

OhridNews