Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 24- годишно лице од албанското село Котодеш, на кого му е одредена мерка притвор во траење до осум дена.
– Пријавениот, во периодот од први мај до осми јули годинава, извршил серија тешки кражби во црквите „Св.Петка“, „Св.Архангел Михаил“, и „Св.Недела“ во струшкото село Радожда. Тој илегално ја преминувал македонско-албанската граница по што вршел обиколка низ Радожда. Во погоден момент, лицето влегувало во црквите каде насилно и со физичка сила ги отворало влезните врати. Откако ќе извршел пребарување во внатрешноста на црквите, ги земал металните каси и со употреба на тврд предмет ги кинел држачите од катинарите. Потоа ги одземал парите од касите и од иконите и брзо излегувал од црквите. На тој начин, сега притворениот присвоил околу 3000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По извршувањето на кражбите,лицето по илегален пат се враќало назад во родното село во Република Албанија.
OhridNews