Од ТАВ Македонија информираат дека во првите два месеца од 2017 година забележан е пораст на бројот на патници за 9%.Со тоа достигнат е број од 238.180 патници на двата македонски аеродрома „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Изминатата 2016 година се заврши со 1,8 милиони патници на двата аеродрома, односно 15% зголемување на бројот на патници на годишно ниво, додека бројот на летови беше 16.883, односно бележеше пораст од 8,9%.
OhridNews












