
Одговарајќи на прашање поставено од советничката Јованка Точкова, околу висината на направените трошоци за репрезентација во овој период, градоначалникот Никола Бакрачески потенцира дека оваа ставка најголема е кај МЈП Проаква во висина од 1 милион и 10.000 денари. Јавното претпријатие Нискоградба за репрезентација потрошило 335.639 денари, Билјанини извори 77.628, Градски пазар 10.317, ЈП Охридски комуналец 148.000 и општинската администрација 970.813 денари.
Според градоначалникот Бакрачески особено зачудува висината на износот на направените трошоци за репрезентација во Проаква , со оглед на тоа дека и покрај ваквите трошоци не е познато кои делегации престојувале во претпријатието или пак инвеститори кои евентуално би вложиле во интерес на претпријатието .
OhridNews











