Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против 39-годишен македонски државјанин на привремена работа во Шведска. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти јуни оваа година околу 21 часот, во куќа на улицата „Наум Охридски” во Охрид.

– Тука, тој започнал жестока вербална расправија со жена која во куќата престојувала заедно со нејзините малолетни деца. Во момент на револт и агресивно однесување, пријавениот со рацете ја фатил за вратот, а потоа држејќи ја за главата ја удирал од ѕидот, изјави Димоски.

Од силината на ударите, оштетената се здобила со видливи телесни повреди и веднаш била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид каде и е пружена неопходната медицинска помош.

OhridNews