Од 28- ми јули до 9- ти август, во галеријата на Куќата Робевци, љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат околу 50 дела од новиот циклус слики од познатиот охридски сликар Јордан Манасијески.

Изложбата ќе ја отвори проф. Владимир Величковски,професор поИсторија на уметност на Филозовскиот факултет во Скопје.

Дела на Манасијески во изминатиот период беа изложени во многу познати центри во Европа и светот. Добитник е на бројни награди меѓу кои и Специјалната награда доделена од Јапонска асоцијација за современа уметност.

OhridNews