На 8-ми јуни, со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложба на слики од уметниците од Романија- Иоан Атанасиу Деламаре , професор на катедрата графика на Ликовната Академија од Букурешт и Емилија Персу , ликовен уметник , сликар, претседател на графичкиот отсек во Друштвото на ликовни уметници од Романија.
Изложбата е насловена ” Левант постмодерн” , а содржи слики изработени на хартија во комбинирана техника и слики изработени во техниката масло на платно.











