Во галеријата Робевци, во наредните две недели, љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да ја видат заедничката изложба на слики и цртежи „Време и тишина“ од Ванчо Димоски и Иван Ивановски.

Дел од сликите се изработени во техника масло на платно, а останатите во комбинирана техника.


Како што истакнуваат уметниците, сосем спонатно дошле на идејата да организираат заедничка изложба, пред се поради нивното пријателство, а при тоа делејќи го времето и просторот.


Изложбата по Охрид, ќе биде претставена и во Гевгелија, Струга, Скопје и Битола.

OhridNews