Од Локалната самоуправа информираат дека заинтересираните правни и физички лица кои поднеле некомплетни барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти од локално значење, во рок од 10 дена треба да ги комплетираат.

Во спротивно, согласно законските прописи за постапување со бесправно изградените објекти,постапката ќе биде прекината. Постапката ќе продолжи по комплетирањето на барањето, а најдоцна  во рокот определен со член 33 од Законот.

За подетални информации граѓаните се упатуваат до Секторот за урбанизам и заштита на животната средина  или на телефоните 262 492 и 262 493 ,локал 122.

OhridNews