Во сабота, 29-ти јуни, со почеток во 20 часот,на просторот до тц „АМАМ“ наспроти „Македонска пошта“, ќе се одржи 18-то издание на фестивалот „КАНЕОФЕСТ” 2019. Оваа година ќе се натпреваруваат вкупно 28 учесници во поп и фолк делот на фестивалот, со новосоздадена песна, за првпат изведена на „Канеофест“.
- Благодарение на добрата промоција и успешноста на работата на тимот на фестивалот, оваа година добиваме и меѓународен карактер со тоа што ги прошируваме нашите хоризонти и на земјите соседи (Р.Србија, Р.Бугарија), од каде има пријавено учесници, велат организаторите.
Во ревијалниот дел на фестивалот ќе настапат познатиот изведувач и композитор Горан Милошевски, како и оперската пеачка Зорица Белиќ од Нови Сад, која ќе го отвори фестивалот со изведба на италјански канцони.
Учесниците ќе бидат наградувани од стручната жири комисија (составена од музички имиња), а свое мислење ќе даде и публиката.
Покровител на фестивалот е Општина Охрид, а организатор Телевизија Морис.
OhridNews












