Црвен крст Охрид, во соработка со ТАМАРО МАРКЕТИ, на 16-ти септември, сабота, од 10-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе реализира голема крводарителска акција. Со цел да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, се покануваме хуманите сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите ТАМАРО ја даруваат драгоцената течност.

Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција ТАМАРО МАРКЕТИ. Предвидена е и наградна игра со извлекување на награди за најсреќните крводарители.

OhridNews