Општина Охрид и ЈЗУ Центарот за јавно здравје, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота, 16 септември, ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 6 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од Подмоље до населбата Св. Наум и на територијата на град Охрид.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 16 септември (сабота) да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
OhridNews












