На репертоарот на охридскиот Народен театар во сабота, 3- ти март, е претставата „Ај да си речиме уште една“.

Претставата која при секоја изведба бележи голема посетеност при што се бара место повеќе, изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо.

“Ај да си речиме уште една”, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.

Улогите во претставта ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Почеток на претставата е во 20 часот, цена на билетот 100 денари.

OhridNews