Оваа сабота во паркот пред НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи Саем за волонтерски можности – Охрид 2025 во периодот од 12 до 15 часот.

На Саемот заинтересираните ќе имаат можност да се сретнат со волонтерски организации од Охрид и Струга кои стојат зад некои од најзначајните културни, спортски, добротворни и еколошки иницијативи, информираат од Младински Центар Охрид.

Воедно, ќе можат да се запознаат со програмите на организациите, како и можностите да се вклучат во истите како волонтери.

Дознајте какви активности развиваат и како може да станете дел од нив како волонтери! Пријавете се директно на лице место, разговарајте со организациите и пронајдете што најмногу ве инспирира. Бидете дел од заедницата што менува!, порачуваа од Младински Центар.

OhridNews