Во сабота, 2-ри септември, во селото Скребатно, во организација на секторот ТЛЕР при општина Охрид, ќе се одржи манифестацијата  „Охридска софра” на која бројни учесници ќе подготвуваат  традиционална храна, како и еден од најпознатите традиционални производи кај гостите и туристите, ѓомлезе.

Манифестацијата ќе започне во 9 часот, а во 11.30 часот предвидена е дегустација, оценување и сумирање на резултатите. Предвидено е и обраќање на градоначалникот Никола Бакрачески и прогласување на победниците и доделување на наградите. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.

За граѓаните кои сакаат да ја проследат манифестацијата , локалната самоуправа организира бесплатен превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во сабота, во 9.45 часот пред Охридска Банка–превозник Бале турс и 10 часот пред Домот на култура во село Лескоец.

OhridNews