Во сабота на 7-ми мај 2016 година, во црквата „Св. Георгиј“ во Струга со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.  По литургијата во 17:30 часот ќе се одржи традиционалната Еордија – литија со светите мошти од Свети Георгиј и неговата чудотворна икона.

Станува збор за древна струшка духовна традиција, која пред шест години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица.

OhridNews