Во сабота, на 19-ти јули во 20 часот во Музејско–културниот центар „Лапидариум“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Патот на фреската“ од авторите Ангелина Спировска и Владо Мукоски. На изложбата која е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид авторите ќе се претстават со 17 дела изработени во текот на оваа година.

Како уметници и професионални конзерватори на ѕидно сликарство, Спировска и Муковски го користат своето професионално знаење и искуство за да создадат дела што не се само технички доследни на фреско техниката, туку и естетскии концептуално предизвикувачки.
Изложбата на современи фреско слики насловена „Патот на фреската“ претставува современ визуелен дијалог со традицијата. Делата на Ангелина Спировска и Владо Муковски се изведени во автентичната фрескотехника, но носат мотиви и пораки кои говорат на јазикот на денешнината.

Реализацијата на овој проект е со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.
OhridNews
					





							






