Училиштето за странски јазици “Санрајс“ во рамки на своите редовни годишни активности, организира престој на ученици во летни интернационални јазични кампови во Хрватска и Грција.

– Интернационалните јазични кампови се прекрасна можност за дружење со професори и деца од други земји и практична примена на наученото преку секојдневна конверзација на англиски јазик.- велат од „Санрајс“, посочувајќи дека искуствата од минатите години се многу позитивни.

Пријавувањето за летните интернационални јазични кампови во Хрватска и Грција е во тек и ќе трае до 15.05.2014. Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во просториите на училиштето за странски јазици „Санрајс“ наспроти гимназијата.