Општинската
организација на СДСМ се’ уште официјално не го коментира извинувањето на
претседателот на охридскиот огранок на партијата Науме Јованоски
упатено кон пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со
ставови изнесени на прес конференција одржана во јули годинава.

Во
Охрид денеска престојуваше генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров,
но неговата посета охридските социјалдемократи не ја поврзуват со
актуелниот случај. Воздржаност изрази и градоначалникот Александар
Петрески, кој на претстојните локални избори ќе атакува на трет мандат.

-Денеска
сум во функција на градоначалник на свеченостите по повод Денот на ослободување на Охрид и не
би ги коментирал партиски работи што се случуваат, за тоа во друга
прилика. Генералниот секретар дојде во Охрид да ни оддаде чест за
празникот и не е дојден за таа работа,
изјави денеска градоначалникот Петрески, одговарајќи на новинарско прашање за актуелниот случај.

Претседателот
на ОО СДСМ – Охрид, вчера, јавно преку медиумите му се извини на пратеникот
Александар Николоски за забелешките упатени кон него и неговото
семејство на партиска прес конференција, по што членот на Извршниот
одбор на ВМРО ДПМНЕ, исто така вчера, ја повлече тужбата за клевета која
ја поднесе против него.

OhridNews