Риболовниот алат и рибите од страна на СВР – Охрид се предадени на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид за понатамошно процесуирање на предметот.
Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид по завршување на доказната постапка и прибирање на мислења од овластена институција од областа на рибарството ќе биде поднесена соодветна пријава против сторителот на ова дело.
Соработката помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и СВР – Охрид ќе се интензивираат во наредниот период со засилен надзор над субјектите кои поседуваат набавуваат или вршат продажба на мрежи спротивно на Законот за рибарство и аквакултура и К.З на Р.М.