Вчера, околу 22,30 часот, на улица „Спас Банџов“, 42- годишен охриѓанец без повод и причина физички ја нападнал неговата мајка, нанесувајќи и видливи повреди во пределот на лицето. Во тој момент пристигнал неговиот брат и изреволтиран од истото започнал расправија со братот, во која со нож му нанел расекотини во пределот на градниот кош и рацете.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.












