Во струшката Општа болница, вчера, околу 15.10 часот бил донесен 31-годишен стружанец, кој бил повреден со остар предмет (нож) во пределот на стомакот, поради што е задржан на лекување.
По пријавување на случајот во полиција и од извршен разговор дојдено е до сознание дека поради нарушени семејни односи дошло до физичка пресметка помеѓу повредениот и неговиот 28-годишен брат, кој во еден момент извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот на сега повредениот, по што го напуштил местото на настанот.
По целосно расчистување и документирање на настанот против 28-годишното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
OhridNews












