Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2012 година изнесува 60 428, а бројот на ноќевањата изнесува 166 343. Бројот на туристите во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, е зголемен за 3.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9%. Бројот на домашните туристи во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, е намален за 6.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, е зголемен за 5.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 19.1%.

Во периодот јануари- септември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.6%, а кај странските зголемување за 9.1%.

Во периодот јануари- септември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6.3%, а кај странските зголемување за 8.0%.

OhridNews