Во септември во Струга издадени речиси шест пати повеќе одобренија за градба од Охрид
12.11.16 07:00
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016 се издадени 297 одобренија за градење што е за 6.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во истиот период на територијата на општина Охрид се издадени три одобренија за градба на физички лица во вредност од околу 15 милиони денари. Во Струга пак издадени се 17 одобренија за градба, 13 на физички лица и 4 на правни субјекти, а вредноста на изградбата се проценува на околу 67 милиони денари.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 088 315 000 денари што е за 21.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 196 (66.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (7.7%) за објекти од нискоградба и 78 (26.3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 297 објекти, на 203 (68.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (31.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 009 станови, со вкупна корисна површина од 78 143 м2.
Од полноќ цените на „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за еден денар, а на „евродизелот“ и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, одлучи Регулаторната ко...
Камион MAN за собирање смет во вредност од 30000 евра како донација доби Општина Дебрца која ќе ја користи ЈКП Дебрца Донацијата му беше предадена на градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски од ...
Денешните мерења на Центарот за јавно здравје Охрид на мострите од изворот „Шум“ од каде се снабдува со вода Струга и околните населени места покажуваат матност од 3,62 NTU Во градот на мерните мес...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.