Мешалица за бетон поставена на една коловозна лента на булеварот Туристичка утрово предизвика сообраќаен метеж на најфрекфентната сообраќајница во градот. Тоа создаде долги колони на булеварот каде сообраќајот се одвиваше бавно со многу застои, што пак, предизвика нервоза кај учесниците. Причина за сообраќајниот метеж се градежните работи на новиот пазар.
Во минатото со одлука на градскиот совет, во главната туристичка сезона беше прогласуван мораториум на градба на потегот од булеварот Туристичка до езерото, а во интерес на туризмот, бидејќи во овој дел од градот сообраќајот е најфреквентен, а тука се сместени и голем број сместувачки капацитети. Од законски причини таквата мерка беше укината. Така сега во шпиц на сезона градежна механизација се движи и работи во центарот на градот, што предизвика реакции во јавноста.
OhridNews













