Поради кибер нападот врз Центарот за податоци на компанијата „Тиетоеври“ (Tietoevry), која обезбедува услуги од областа на информатичката технологија, веќе неколку дена е нарушена работата на административните канцеларии и онлајн сервисите во Шведска.

Еден од нејзините центри за податоци во Шведска беше нападнат во петокот вечерта. Кибер нападот влијаеше на работата на кината, големите продавници и други комерцијални објекти, а беше блокиран и пристапот до услугите за онлајн трговија.
Парализирана беше и работата на централизираниот Систем за човечки ресурси, кој го користат административните канцеларии на Шведска, што резултираше вработените да не можат да поднесат барања за отсуство, да пријават прекувремена работа и боледувања.
Според „Тиетоеври“ и експерти за кибербезбедност, нападот го извршила хакерската група Акира, која е поврзана со Русија.
OhridNews










