Шведската полиција на аеродромот „Скавста“ во Стокхолм уапси 39-годишен маж-македонски државјавнин, кој се барал со меѓународна потерница за вмешаност во настаните во македонското Собрание на 27 април 2017 година.

Како што јавуваат шведските медиуми, приведениот бил државјанин на Северна Македонија, но патувал со патна исправа од друга европска земја. Исто така имал и шведски социјален број, бидејќи претходно работел во оваа земја.

Во разговор со полицијата приведениот негирал било каква вмешаност во настаните од 27 април во македонсото собрание, но јавен обвинител побарал да му се изрече мерка притвор поради опасност од бегство. Северна Македонија бара екстрадиција на приведеното лице, на кое му се заканува затворска казна до 20 години, пренесуваат медиумите во Шведска.

Неофицијално приведениот е Дејан Давидоски по кого МВР имаше распишано меѓународна потерница.

OhridNews