Промоцијата на неговите книги се одржа во рамки на традиционалниот фестивал Дисковери во Хрствил кој изобилува со разновидни културни случувања.
За творештвото на Ристевски зборуваа Д-р Ирена Вељанова и м-р Илија Узуноски – Узун, познат македонски фотограф и ликовен уметник. Професор д-р Илија Чашуле, професор во Факултетот за лингвистика во Универзитетот Маквари во Сиднеј, зборувајќи за делата на Ристевски истакна дека според темите и уметничкиот начин на искажувањето, последните две се неговите најдобри, до сега објавени дела.
Ристевски е автор и на книгите поезија „Полутици“, „Страдалници на сонот“, „Копча“, „Цвеќе-Жена“ како и на драмите „Страв и срам“, „Протест“, „Раскол“, „Мр Балкан“, „Стари и весели“. Книгата „Забранета љубов„ во 2010 година ја доби престижната награда „Иселеничка Грамота“, а оваа година „Украдени мисли“ ја доби наградата „Стојан Христов“.
Сиднеј- Австралија